Услови на купување

Со купување на било која понуда од сајтот или учествување во било која програма на сајтот Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

(А) Општо

Описот на производите и услугите на Бигу Академија се дадени детално, објаснувајќи ги карактеристиките на производот или услугата. Карактеристиките на производите и услугите можат да бидат дадени во пишана форма, со помош на видео материјал и/или слика. Сликите се поставени за да дадат минимум приказ на производот и можат до некаде да се разликуваат од реалните проиводи особено во делонт на боите или дизајнот на корицата. Цената на понудите може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на Grouper.

Продавачот може да понуди најразлични тренинг и едукациски програми кои во текот на времето може да се менуваат и дополнуваат. Продавачот ќе му го достави на корисникот тренингот соодветен на програмата во моментот кога тој го направил купувањето.

(Б) Достава/Испорака

Секој купен производ ќе биде испорачан на назначената адреса или е-пошта во самата нарачка. Доколку производот или услугата бараат потпишување на договор за членство, доверливост, едукација или оспособување потребно е корисникот да ги исполни и достави истиот, согласно законските прописи, пред да добие целосно право на користење на производот/услугата.

Бигу Академија се обврзува дека ќе ги испорача производите и услугите најмногу во рок од 3 (три) работни дена, односно најмногу во рок од 3 (три) работни дена од комплетирање на целосната документација. За ден на достава се смета денот кога производите се превземени/примени од доставна служба или пошта кога се работи за физички производ, или е-пошта кога се работи за тренинг/едукација. Единствен исклучок од ова се тренинзите и едукации кои се групни и со фиксна дата на почеток за што клиентот ќе биде известен во описот на услугата или на неговата е-маил адреса.

Надоместокот за испорака е на товар на корисникот и тие се јасно и одделно издвоени при купуваењето. Во случај кога овие трошоци не се назначени тие се на терет на продавачот, Бигу Академија.

Бигу Академија нема да наплаќа дополнителни надоместоци за користење на платформите и услугите од трети лица, освен во ситуациите кога тоа ќе биде јасно нагласено. Цените се дадени со пресметан ДДВ.

(В) Право на единствен корисник

Услугите кои се поврзани со тренинг и едукација ќе значат доделување на единствено корисничко име и лозинка на корисникот на тренингот. Единствено корисникот кој е регистриран за дадениот тренинг/едукација има право да пристапува и да ги користи материјалите.

Секое пристапување, споредлување или делење на материјалите од дадениот тренинг/едукација ќе се смета за прекршување на овие услови, по што Бигу Академија има целосно право да му го одземе и прекине пристапот на корисникот кој направил прекршок. Исто така, Бигу Академија има право да побара надоместок на штета соодветно дефинирана ви Условите за употреба и пропратните договори за производот/услугата.

(Г) Губење на пристап

Доколку дојде до губење на некои од пристапите кои првично се доделени до материјалите и содржината на тренингот/едукацијата корисникот има право да побара истите да му бидат повторно испратени, со писмено барање доставени на адреса на Бигу Академија, или пак на е-поштата за комуникација. Бигу Академија не превзема одговорност доколку со губењето на податоците за пристап се изгубат и некои лични содржини на корисникот или пак се избришат податоци за личниот прогрес, забелешки, коментари и сл.

За одредени производи/услуги, за кои тоа е назначено во дополнителните договори и упатства за користење Бигу Академија има право да наплати определен надоместок доколку дојде до губење на податоците за пристап повеќе од еднаш, или доколку се јави потреба за доделување на целосно ново кориснично име и лозинка.

(Д) Право на рекламација и поврат на средства

Корисникот има право на поврат на уплатените средства во износ не поголем од уплатениот износ доколку продавачот не успее да ги задоволи условите за испорака наведени во овие услови за купување. Исто така, корисникот има право на поврат на уплатените средства во износ не поголем од износот на уплатените средства доколку истиот го добие оштетен или нецелосен, само и откако ќе му дозволи на продавачот да го замени со нов, исправен производ.

Рокот за барање на поврат на средства заради оштетување/нецелосност е при приемот на истиот, односно не подолго од 7 дена од датумот на прием (за производите/услугите кои се испорачуваат на е-пошта за датум на прием се смета датумот кога производот е испратен од продавачот), и пред да започне со користење.

Барањето за поврат на средства на производ кој е користен во овој рок, или по истекот на следниот ќе се смета за неосновано и необврзувачко за Бигу Академија.

Во знак на добра воља Бигу Академија може да понуди замена на одредена услуга со друга услуга која ја нуди, и тоа исклучиво на барање на кориснокот, само доколку истата не е искористена во степен поголем од 5% и не се поминати повеќе од 7 дена од денот на испорака на услугата.

Во смисла на овие услови за употребена услуга се смета онаа за која дел или сите материјали од тренингот/едукацијата биле испорачани и постои евиденција во системите и платформите за тренинг дека истите се користени како на пример: пристапување до материјали, симнување и снимање на материјали, скрипти, следење на видео тренингзи, следење на тренинзи во живо, активности во групите за поддршка на различни платформи, исполнување на обрасци, вежби, формулари.

За да се оствари правото на рекламација по било кој основ потребно е корисникот да достави барање на рекламација и поврат на средства на е-пошта за комуникација infomk@smartmoneysolution.com или на адресата на компанијата назначена во контакт податоците. Сите други форми на поднесување и доставување на барање за рекламација или поврат на средства ќе се сметаат за неважечки и нема да се земат во предвид.