Прасето Смарти и неговата мисија е шармантна и интересна книга која на децата на љубезен и разбирлив начин ќе им ја отвори вратата во светот на финанзиите, позитивниот начин на размислување, прифаќањето на самите себе си со радост и донесувањето на добри одлуки.

Смарти ќе ги научи на најважните работи за личните финансии, а воедно ќе им покаже и како светот да го доживуваат како радосно и позитивно место со отворено срце.

Смарти е посебно, но и многу интересно прасе. Дојде на Земјата со намера на луѓето да им ги отвори очите, да ги научи за парите и да им помогне да ги надминат своите стравови.

Секако дека е различен од сите живи суштества на нашата планета. Се разликува по изгледот, искуството и размислувањето, а свесен е дека токму поради овие свои уникатности и љубезноста е непроценлив. Сака исто тоа да ги научи и децата.

Смарти знае како на децата да им посее позитивен став кон парите и што за нив треба да знаат. Свесен е дека со негова помош ефикасно ќе располагаат со нив и кога ќе пораснат.

На својата мисија ќе ги поведе на патот до финансиска писменост и внатрешно богатство.

НАРАЧАЈТЕ ЈА КНИГАТА ВО ПРЕДПРОДАЖБА

20 % ПОЕВТИНО

Ако ја нарачате книгата до 10.01. ќе добиете и:

  • 20% попуст на книгата,
  • линк до Смартиевата боенка,
  • бесплатна испорака,
  • и специјално Смарти изненадување.
НАРАЧКА

*Книгите ќе ви ги испорачаме по 05.1.2022 

ВО КНИГАТА СЕ КРИЈАТ ГОЛЕМИ БОГАТСТВА

Прасето Смарти и неговата мисија е многу повеќе од книга за парите.

Со нејзина помош ќе се ослободиме од ограничувачките уверенија, стравови и многу внатрешни пречки. Ја слави единственоста и различноста, затоа што сакаме секое дете да биде свесно дека постои место на светот каде моќе да ги изрази своите емоции и креативност, а со тоа и да ги оствари своите желби. 

Драгоцени работи кои децата (и родителите) ќе ги научат:

 

  • Финансиска писменост и позитивните концепти за парите, важни се уште во детството.

  • Нашата финансиска ситуација многу зависи од нашите уверенија за парите.

  • Ако детето уште во детството научи да управува со парите, ќе избегне многу проблеми кога ќе порасне

  • Богатство не се само парите и материјалните добра. Богатство носи и времето, слобода, љубезност, прифаќање, помагање на другите…

  • Секој од нас има можност да ја пронајде смислата на она што го работи и да го направи забавни.

  • Во семејтстовот мора да разговараме отворено и да си помагаме еден на друг.

  • Се охрабруваме и прифаќаме едни со други иако сме различни.

  • Одговорност на секому е да учи и да се менува, затоа што ако сака да види различни и подобри резултати мора нешто да промени.

  • Ако сакаме повеќе радост во својот живот, мора да побараме нови искуства.

  • Добрата волја, радост, смеата и прифаќањето се многу важни и потребни работи.

  • Внимателно ќе се однесуваме кон планетата кога ќе научиме внимателно да се однесуваме кон себе.

  • Светот ќе биде мирен кога секој поединец ќе знае како да го пронајде мирот во себе.

  • Човек кој со лутина и тага, агресија и осуда се обидува да ги оствари своите соништа, никогаш не достигнува вистинска среќа.

  • Животот не треба да го сфаќаме премногу сериозно. Важно е да си дадеме дозвола себе си за смеа, среќа, љубезност и опуштеност.

  • Кога едни на други гледаме со срце, секогаш гледаме убавина.

  • Сите ние сакаме да бидеме прифатени: мали и големи, дебели и слаби, луѓе со способни нозе како и луѓе во инвалидски колички. Прифаќањето прави чуда.

Сите поуки, тврдења и совети во Смартиевата приказна се раскажани на убав, интересен и разбирнив начин. 

НАРАЧКА
НАРАЧКА

ЗОШТО ВООПШТО ЈА НАПИШАВМЕ ОВАА КНИГА?

Ние, авторите сме цврство уверени дека секое дете заслужува безгрижно детство.

Цврство веруваме дека на детето треба од најрана возраст да му пренесуваме позитивни уверенија и концепти, како би постанало успешно во сите области од животот.

Финансиите се важен дел од нашето секојдневие и во оваа книга децата ќе се запознаат со нив на едноставен и интересен начин.

Со помошта на Смарти сакаме на секое дете да му покажеме дека не е важно како изгледа, од каде доаѓа и кои му се желбите. Важно е да се грижи за себе, да се образова, да ги почитува другите и да се сака себе сѝ.

Сакаме детето да научи да го гледа и она што им е скриено на очите: вистинската убавина во другите суштества, добрината и срцето, неговите убави гестови и добри дела.

АВТОРИ

Смиљан Мори е дипломиран правник, претприемач, најпродаван автор и меѓународно признат мотивациски говорник и тренер. На своите предавања и семинари ги промени животите на повеќе од 330 000 луѓе. Вистинска личност е за сите кои би сакале да изградат успешна компанија и да имаат прекрасен приватен живот. Во минатото беше самец со неколку центи во својот џеб, а денес е сопственик на исклучително успешна компанија и ужива во среќен фамилијарен живот. Со своите техники и методи за трајни промени и напредок се труди да влијае на животите на луѓето и да ги менува на подобро.

 

Хелена Кодрич Мори е секогаш насмеана мајка и исклучителна деловна жена. Нејзиниот позитивен став, победнички менталитет, многуте драгоцени знаења и непроценлици искуства, се причина, да е успешна на секој чекор. Може да се пофали со успешна 20 – годишна деловна кариера, меѓу кои веќе неколку години успешно раководи неколку компании. Горда е на фактот што, и покрај секојдневното темпо на живот, одржува прекрасно семејство и ги негува односите во него. Нејзина цел е да ги подобри животите на семејствата и да им помогне на претприемачите, да ги остварат своите соништа. Хелена, со својата храброст и професионалност, е вистинска инспирација за сите жени.

Сабина Кошмрл Каучиќ е професор по биологија и филозофија, предавач, автор на четири книги, креатор на движењето Учител на срцата и курсевите Магичноста на животот, блогерка, TEDx говорник, но пред се мајка на три деца.

Посветено верува дека патот до подобра и поубава иднина води низ свесноста и моќта на поединците, односно дека длабоко во себе, секој од нас е најдобрата верзија од себе си. Нејзината мисија е поддршка на луѓето на патот на ослободување на таа верзија која се наоѓа под рани, предрасуди, уверувања и автоматски обрасци на однесување во кои сме несвено и ненамерно затекнати.

Овозможувување на децата подобри услови за раст и развој – се труди тоа да го оствари преку книгите, индивидуалната работа со млади и возрасни, во своите авторски курсеви на интернет, односно со помош на содржините кои можете да ги најдете на интернет страницата: srcniucitelj.si.

Во текот на долгогодишното подучување во основните и средните училишта, како и во текот на мајчинството и терапевтската работа многу пати ѝ се потврдила познатата изрека: „Полесно е да се одгледа силно дете отколку да се поправи скршен човек“, и затоа со радост учествува во проекти кои работат токму на тоа.