ДОГОВОР ЗА ЧЛЕНСТВО И ТРЕНИНГ

Општи услови за правата и обврските на договорот за членство и тренинг

  1. Предмет

Општите услови за правата и обврските се темел на Договорот за членство и тренинг на компанијата БИГУ Академија дооел Скопје (во продолжение: Општи услови) и ги одредуваат правилата за работење во рамки на Бигу Академија дооел Скопје, односно, правата и обврските кои се важечки за пристап до бизнис моделот Business in a Box (членство во семејството ‘Smart Money’ и оспособување за вршење на работи поврзани со брокерско застапување во осигурување).

Договорните страни неоспорно утврдуваат дека компанијата е сопственик на услугата Business in a box и со овој договор, ги дефинираат правата и должностите кои се однесуваат на членот во почетокот на користењето, самата употреба, како и престанокот на употреба на наведената услуга – Business in a box.

BUSINESS IN A BOX

  • член

Со Business in a box членот добива пристап до следните обуки на компанијата, како и материјали за обуката:

  • SMART MONEY RADIO – аудио универзитете на успехот
  • SMART MONEY ACADEMY – платформа за видео обука
  • TOP AGENT SUPPORT OFFICE – обука, материјали, скрипти, упатства
  • Пристап до затворени Facebook и Viber групи
  • Обуки и вежби секоја недела

Покрај тоа, постои и бонус изненадување за пријава и плаќање во рок од 24 часа, и тоа 2 онлине курса „Навики на Милионерите“ и „Утрински ритуали на милионерите“ во вредност од 500 €.

ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОТ

  • член

Членот, пред склучување на договорот, во целост е запознаен со содржината на наведениот пристап и сите негови модалитети.

  • член

Неопходен услов за пристап до тие содржини е да, со уплата од 2100 ден, го исполни евиденцискиот лист за соработник во пропишаниот образец кој е составен дел на предметниот договор.

  • член

Членот има право, без образложение да отстапи од предметниот договор, во рок од 7 дена од вклучувањето на пристапот до наведените содржини од член 2, а компанијата е должна во рок од 15 дена од примањето на неговото известување да изврши поврат на уплатениот износ од негова страна. Таа одлука за отстапување, во пропишаниот рок, може да се достави на е-маил адресата: infomk@smartmoneysolutions.com .

  • член

Членот е должен на компанијата да и ја надокнади целата штета која со неговите постапки или пропусти ѝ ја предизвикало.

ЦЕНА И РОК ЗА ПРИСТАП ДО НАВЕДЕНИТЕ СОДРЖИНИ

  • член

За се наведено во член 2 од предметниот договор, членот е должен да плати цена од 2100 ден, со вклучен ДДВ.

Станува збор за пристап до содржините со максимален рок од 6 месеци.

По наведениот рок во претходниот ред на овој член, членот треба да ги исполни условите за активност како би можел да пристапува до тие содржини и понатаму. Се работи за изведување на обуката и вежби секоја седмица.

Имено, членот може сам да го избере својот делокруг на активности, иако се обврзува на постојана активност.

ГАРАНЦИЈА

  • член

Гаранцијата е обврска со која компанијата се обврзува дека производот/пристапот на наведените содржини бесплатно ќе го поправи, замени или ќе изврши пристап на уплатениот износ:

•          во случај ако производот не функционира беспрекорно,

•          или не постои содржина наведена во предметниот договор.

Членот, во тој случај, може да се обрати до компанијата со електронска порака испратена на infomk@smartmoneysolutions.com.

Доколку производот/пристапот има недостаток во наведените содржини, а се наоѓа под гаранција, првенствено може да се побара отстранување на недостатокот.

Само доколку недостатоците не се отстранети во вкупен рок од 45 дена, компанијата треба нивниот пристап да го овозможи со еднаков, нов и беспрекорен пристап до договорените содржини.

Само ако компанијата не го направи тоа, членот може да го раскине договорот и да побара поврат на уплатениот износ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОРАКИ

  • член

Редовниот начин на комуницирање помеѓу компанијата и членот во врска со изведувањето на пристапот на наведената содржина се одвива по пат на елентронска пошта. Важните објави, пораките и упатствата компанијата ги објавува и на интернет страницата TopAgentSupportOffice.

Пораките испратени на горенаведените начини, се однесуваат на пишаните пораки. Членот е должен со нив редовно да се запознава и соодветно на нив да постапува.

ПРЕКИН НА ПРИСТАПОТ ДО НАВЕДЕНИТЕ СОДРЖИНИ

  1. член

Секоја страна има право да го откаже договорот со едномесечен (1 месец) отказен рок.

Секоја страна има право од оправдани причини да отстрапи од договорот без отказен рок, но должна е да ги наведе во известувањето.

Компанијата може да го прекине пристапот на членот до наведените содржини, без отказен рок, особено во следните случаи:

  • доколку во тековното тромесечие (квартал) од овие Општи услови не постигне одредено, минимално ниво на активности (прекин на договорот поради неактивност),
  • доколку на администраторот на неговиот договор – менаџментот на компанијата не му се јави во рок до 14 дена,
  • доколку со своите постапки или пропусти нанесе штета на компанијата,
  • и во останати примери според проценката на компанијата.

Во сите наведени примери, за прекинот на пристапот до наведените содржини, членот нема право на поврат на уплатениот износ, со оглед дека пристапот бил вклучен, т.е. користен во негова полза.

До прекинување на пристапот до наведените содржини поради неактивност не доаѓа во случај на подолго отсуство на членот како последица на тешка болест, боледување, бременост и породилно отсуство. Услов за одржување на пристапот е членот пред истекот на тековното тромесечие (квартал) писмено да побара продолжување на валиден пристап и да ги искаже причините, со соодветна документација и потврда на е-маил адресата на компанијата, infomk@smartmoneysolutions.com.

ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ

  1. член

Договорните страни се согласни дека предметниот договор е склучен на период од 6 месеци. Компанијата има право, според своја процена, било кога да му го откаже договорот на членот, без отказен рок, доколку самата процени дека за тоа постојат основани причини.

Доколку важноста на договорот се прекине спогодбено, договорните страни ќе го договорат рокот на раскинување, спогодбено.

КОНЕЧНИ ОДЛУКИ

  1. член

Поврзано со правата и обврските на договорните стани кои не се одредени со овој договор или со општите услови, се применуваат одлуките од Законот за облигација и сите останати применливи законски прописи.

  1. член

Сите евентуални несогласување помеѓу договорните страни, ќе се обидат да ги решат по мирен пат со непосреден договор помеѓу договорните страни, додека за евентуалните спорови одговорен е надлежниот суд во Скопје.

  1. член

Договорните страни ги прочитаа предметните Општи услови и договорот во облик на Евиденски лист, по што изјавуваат дека е нивно право и вистинска воља да ги потпишат, во форма на Евиденциски лист, чиј што составен дел се Општите услови.

Договорот стапува на сила со денот на потпишување на евиденцискиот лист, од кога и истиот започнува да важи.

Доколку договорните страни сакаат да договорат било што друго, тоа е потребно да го направат во пишана форма со соодветен Анекс на предметниот договор – Евиденциски лист.

ВАЖНОСТ

  1. член

Овие упшти услови за Business in a box прифатени се на дел 1.2.2020 и се користат од тој ден па во иднина.

Скопје, 1.2.2020.

БИГУ Академија дооел Скопје                               

___________________________                          

Даниела Карастојанова

управител